Пливачите од кумановскиот клуб „Делфин“ освоија награди на интеранционален пливачки митинг
- Пливачите од кумановскиот клуб „Делфин“ освоија награди на интернационалниот пливачки митинг „Делфин Спирит 2020“, кој се одржа во Скопје, информираа денеска надлежните.
Куманово, 30 јуни 2022 (МИА) - Пливачите од кумановскиот клуб „Делфин“ освоија награди на интернационалниот пливачки митинг „Делфин Спирит 2020“, кој се одржа во Скопје, информираа денеска надлежните.
Тројца пливачи од овој клуб освоија осум златни, две сребрени и една бронзена медала. Најуспешниот Ерин Тричковиќ, освои дури девет награди, Андреј Живковски беше прв во дисциплината градно на 50 метри, додека Леонид Алексовски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин.
Надлежните од клубот се задоволни од постигнатите резултати, и покрај тешкотиите коишто ги имаа изминатиов период поради корона кризата, затворањето, како и нефункционирањето на затворениот градски базен.
- Навистина нашиот клуб се претставивме во извонредно издание. Осум златни медали, две сребрени и една бронзена и тоа ако земеме предвид дека четири месеци бевме затворени сред сезона, децата седеа дома, така што за нешто помалку од дрва месеца ги подготвивме кондициски, спремивме технички и да излеземе на митинг каде што не само клубови од Куманово, Скопје имаше клубови и од Србија, Косово и други држави навистина резултатите се импресивни. Дојде и нашиот пливач за кого веќе се знае во јавноста Ерин, од девет натпреварувања во сите медали, седум први, две втори и нашите други пливачи Леонид и Андреј се закитија со медали. Пливачи кои навистина се талентирани деца, Ерин е 11 години, Леонид и Андреј се по 13 години, и другите се на возраст од 10 до 14 години, таленти кои ќе го претставуваат и градот и државата, изјави Далибор Стаменковски, тренер пливачки клуб „Делфин“
Пливачите од клубот од Куманово на 15-ти јули ги очекува државен натпревар, кој ќе се одржи во Охрид. Од клубот се надеваат на исти и уште подобри резултати од митингот.
- Тоа е голема манифестација како нас за клуб, затоа што е на државно ниво, резултатите влегуваат за сите пливачи индивидуално. На тој натпревар очекуваме да освоиме барем приближни резултати како овие од пливачкиот митинг, ќе се потрудиме да заминеме со што поголем број учесници, барем приближни или подобри од овие што се сега освоени. Ја имаме таа среќа да работиме со овој спорт затоа што релативно е мал бројот на базени во земјава, каде што има услови за ваква работа, поконкретно три затворени базени. Задоволни сме од масовноста на деца, желбата за овој спорт, тука сме 4-5 клубови во кои работат стручни лица, професори, инструктори и нашиот град ја имаат таа привилегија и добро е да го искористиме ова што ни го даде градот, изјави Кире Милевски, тренер во пливачки клуб „Делфин“ Куманово.
Пливачкиот клуб „Делфин“ Куманово функционира веќе шест години, односно од отворањето на градскиот базен во Куманово.ам/бт/