• петок, 05 декември 2025

Пленковиќ: Испраќам порака за мир и помирување на српското малцинство

Пленковиќ: Испраќам порака за мир и помирување на српското малцинство
Варивода, 28 септември 2020 (МИА) - Во Вариводе, во близина на Кистање денеска се одржа комеморативен собир за убиените српски цивили, на кој хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека таму е извршено тешко злосторство против невини луѓе, и покрај тоа што во таа област немало повеќе воени дејства. - Како претседател на хрватската Влада, длабоко жалам поради тоа и изразувам сочувство, изјави Пленковиќ. Тој им рече на припадниците на српското малцинство дека сака да испрати порака за мир и помирување. - Тоа исто така значи да се добие сила и да се признае дека Хрватска била нападната и тоа заслужува недвосмислена осуда. Тоа значи јасно оградување од тогашната големосрпска агресија во чие име се убиени многу хрватски граѓани, а многу злосторства останале неказнети, вклучително и злосторства во соседните села, каде што беа убиени и постари членови, а сторителите никогаш не одговараа, рече Пленковиќ. Речиси два месеца по воено-полициската акција Бура, во која беа протерани повеќе од 220.000 Срби од Хрватска, а околу две илјади исчезнаа или беа убиени, на денешен ден во 1995 година, во Вариводе беа убиени девет локални жители од српска националност. паг/    

Остани поврзан