Плакета за највозрасниот бербер во општина Илинден
- Стојменовски има 80 години и сè уште работи во својот берберски дуќан, што веќе со години се наоѓа во населеното место Марино. Остра ножица и топло срце, што не кратат само коса, туку времиња, генерации и приказни, се истакнува во соопштението на локалната самоуправа.
Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Плакета му беше доделена на највозрасниот бербер во општина Илинден, информираат попладнево од локалната самоуправа.
Како што истакнуваат, градоначалникот Александар Георгиевски со доделување на плакетата ги уважил неуморниот 60-годишен труд и успешна работа на Цане Стојменовски.
- Стојменовски има 80 години и сè уште работи во својот берберски дуќан, што веќе со години се наоѓа во населеното место Марино. Остра ножица и топло срце, што не кратат само коса, туку времиња, генерации и приказни, се истакнува во соопштението на локалната самоуправа.
Георгиевски истакнал дека особено е важно да им се даде признание на сите граѓани, кои со години придонесуваат во одржување на занаетчиството во општината. бд/лв/
Фото: Општина Илинден