• недела, 22 декември 2024

Пирло може да биде отпуштен од Јувентус во случај на неуспех против Торино и Наполи

Пирло може да биде отпуштен од Јувентус во случај на неуспех против Торино и Наполи
Рим, 1 април 2021 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло може да ја изгуби функцијата по натпреварот од Серија А со Наполи в среда на 7 април. Ова го пренесува „La Gazzetta dello Sport“. Според италијанскиот весник, натпреварите против Торино (3 април) и Наполи ќе бидат решавачки за тренерот на „Старата дама“. Во случај на неуспех на овие средби, поранешниот играч за врска на Италија ќе биде разрешен. Јувентус испадна од Лигата на шампионите во 1/8 финалето, а во моментов е на третото место во италијанскиот шампионат. Јувентус, под водство на Пирло, освои 55 бода на 27 натпревари во Серија А. Негативата во однос на водечкиот Интер изнесува 10 бодови. зс/

Остани поврзан