• понеделник, 23 декември 2024

Пинто: Правила се правила, Џеко повеќе не е капитен

Пинто: Правила се правила, Џеко повеќе не е капитен
Рим, 3 февруари 2021 (МИА) - Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, денес потврди дека напаѓачот на тимот, Един Џеко ја загубил капитенската лента. - Един е силен фудбалер, професионалец со многу искуство. Имавме неколку средби со него и со главниот тренер на тимот, Пауло Фонсека, со цел да изградиме доверба едни во други. Секој е среќен и смирен, сега можеме да работиме за да ги постигнеме заедничките цели. Правилата се правила, така што Един повеќе не е капитен на тимот, изјави Пинто за „Фудбал Италија“. Претходно беше објавено дека 34-годишниот Џеко ќе ја напушти Рома по завршување на сезоната. Оваа сезона, напаѓачот одигра 20 натпревари за тимот, постигна осум гола и забележа две асистенции. зс/

Остани поврзан