• недела, 19 мај 2024

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини
Лос Анџелес, 27 јули 2021 (МИА) - Американската поп-панк пејачка Пинк изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини. На Твитер, пејачката ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам. „Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Одлична работа, девојки! Јас ќе бидам среќна да Ви ја платам казната", напиша Пинк. Претходно беше соопштено дека ракометарките на плажа во Норвешка се казнети затоа што одбиле да се натпреваруваат во бикини, за третото место на Европското првенство. Норвешките ракометарки притоа упатија повик до федерацијата да им биде дозволено да се натпреваруваат во кратки панталони. Но, не добија одговор на нивното барање.  си/

Остани поврзан