• сабота, 16 ноември 2024

Пингпонгарите од ППК „Крива Паланка 2007“ шампиони во суперлигата

Пингпонгарите од ППК „Крива Паланка 2007“ шампиони во суперлигата
Крива Паланка, 6 јуни 2022 (МИА) - Пингпонгарите од суперлгигашкиот тим на пингпонгарскиот клуб „Крива Паланка 2007“ се државни прваци во лигата по освоената титула во неизвесниот меч одигран против ППК „Младост 96“ од Прилеп. - Во вториот, возвратен дуел по победата над ППК „Младост“ во саботата на домашен терен, вчера остваривме повторно победа против нив, во еден крајно неизвесен меч. Со тоа остваривме 2:0 во доигрувањата со минатогодишниот шампион, за конечен шампионски статус во државната суперлига за сениори, сезона 2021/2022, информира претседателот на клубот и играч Мартин Стаменковски. Ова е втора шампионска титула на клубот, по првата освоена во сезоната 2015/2016. - Честитки за нашите играчи, за нашите навивачи и благодарност за несебичната помош и поддршка од страна на фирмите и поединците кои помогнаа овој проект да кулминира шампионски, дополни Стаменковски. ид/аа/

Остани поврзан