Вкусна, лесна, кремаста пилешка супа.
Состојки:
- 5 пилешки карабатаци (без коска)
- 2 лажици несолен путер
- 3 чешниња лук
- 3 главици кромид
- 3 моркови
- 2 корени од целер
- 300 грама печурки
- 3 лажици брашно
- 4 шољи пилешки бујон
- 2 дл павлака за готвење
- 2-3 ловорови листа
- Сол, сув зеленчук, бибер, магдонос
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Пилешките карабатаци исечете ги на помали парчиња со иста големина. Ситно исецкајте го кромидот и лукот. Исечете го морковот и коренот од целер на мали кругови или коцки, и печурките на тенки парчиња. Во тава на тивок оган, загрејте го маслиновото масло, потоа додадете го сецканото пилешко, пржете го додека не порумени. Зачинете по вкус и оставете го настрана. Во соодветно тенџере, ставете го путерот на тивок оган да се растопи, додадете го кромидот и лукот, морковот, коренот од целер и печурките. Пржете додека зеленчукот не омекне. Потоа додадете го брашното, пржете околу 1 минута, додека малку не поруменат. Мешајќи постојано, додадете го пилешкиот бујон, пилешкото и ловоровиот лист. Гответе 15 минути, мешајќи повремено. Потоа додадете ја павлаката за готвење и гответе уште 2-3 минути. Зачинете со сол, црн бибер и сув зеленчук. Ако супата е премногу густа, додадете повеќе павлака за готвење.
На крај, додадете свежо сецкан магдонос.
Фото: Фрипик