Пиеракакис: Со дигиталните услуги секој граѓанин во Грција избегнува над 100 редици
- Во 2022 година ќе достигнеме една милијарда дигитални трансакции, така што секој граѓанин во просек ќе избегне над 100 редици, напиша на Твитер министерот за дигитална политика на Грција Кирј
Атина, 3 октомври 2022 (МИА) – Во 2022 година ќе достигнеме една милијарда дигитални трансакции, така што секој граѓанин во просек ќе избегне над 100 редици, напиша на Твитер министерот за дигитална политика на Грција Кирјакос Пиеракакис по средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу , јави дописничката на МИА од Атина.
Пиеракакис ја информирал Сакеларопулу за дигитален напредок на земјата, го истакнал зголеменото привикнување и познавање на Грците на дигиталните трансакции, а ги споменал и инвестициите на големи технолошки компании.
-Се зголемуваат инвестициите во технолошкиот сектор, создавајќи услови за понатамошен економски раст, напиша министерот. ср/ссм/