• петок, 27 декември 2024

Пејџерите со ексклозив, користени за нападот во Либан, биле произведени во Унгарија

Пејџерите со ексклозив, користени за нападот во Либан, биле произведени во Унгарија

Тајпеј, 18 септември 2024 (МИА) - Пејџерите што биле користени во вчерашните напади во Либан ги произвела компанија со седиште во Будимпешта, која имала овластување да ја користи трговската марка на тајванската компанија Голд Аполо.

Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC.

Експертите сметаат дека експлозивниот материјал бил ставен во пејџерите пред нивната испорака и употреба. Претседателот на Голд Аполо, Хсу Чинг-куанг, изјави дека компанијата имала договор за овластување со BAC во последните три години.

Најмалку 12 лица загинаа, а 2.800 беа повредени кога пејџерите, што ги користеле припадници на Хезболах, експлодираа истовремено во Либан. ссм/

Остани поврзан