• понеделник, 23 декември 2024

Пет медали за македонските сноубордери на ФИС-натпревари во Грција

Пет медали за македонските сноубордери на ФИС-натпревари во Грција
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - На меѓународните ФИС-натпревари во категоријата „Slopestyle“, што се одржаа викендов во Анилио, во Грција, македонските сноубордери освоија два златни, еден сребрен и два бронзени медали. Во сениорска конкуренција Иван Георгиев успеа да обезбеди најдобар резултат и освои две први места, Ведран Лауренчиќ освои второ место, а Карло Дерибан освои две трети места. Во женска категорија настапи Ева Башоска и освои четврто и петто место, додека  Слободан Саздовски освои второ и трето место во категоријата деца. Ова е втор меѓународен ФИС-натпревар во 2022 година за македонските сноубордери кои се дел од Македонската скијачка федерација. - Одличните резултати што ги постигнавме на ова второ ФИС-натпреварување годинава е одлична мотивација и за мене, но и за спортистите, да продолжиме посветено да работиме на подготовки и тренинзи како и досега. Покажавме дека и покрај сите пречки можеме да постигнеме врвни резултати, а што е најважно, докажавме дека сме конкурентни и успешни. Продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на перформансите на нашите спортисти и за две недели не очекуваат настапи на нови натпревари, истакна Кирил Насков, тренер во скијачката федерација на Македонија. зс/

Остани поврзан