• четврток, 04 декември 2025

Пет активни пожари претпладнево во земјава

Пет активни пожари претпладнево во земјава

Скопје, 30 август 2025 (МИА) - На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК. 

Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица Асном каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори 
мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште. 

Под контрола се пожарите во повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), на планината Кожуф (приземен пожар), село Мерово (мешана шума), село Страгово (ниска вегетација) и село Мрежичко место викано Мушов (ниска вегетација и нискостеблеста шума). ев/вј/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан