• недела, 01 септември 2024

Петто место за македонските младинци на ЕХФ-шампионатот

Петто место за македонските младинци на ЕХФ-шампионатот
Варна, 24 јули 2022 (МИА) – Македонската машка младинска ракометна репрезентација триумфираше попладнево над Украина со 26-23 (13-11) во натпреварот за петтото место на ЕХФ-шампионатот во Варна. Во израмнет дуел со противник против кој избраниците на Бранко Ангеловски ремизираа во групната фаза, „црвено-жолтите“ дојдоа до победата со подобра игра во завршницата. Македонските ракометари имаа предност од два гола на полувреме (13-11), но Украинците во продолжението ја анулираа негативата и поведоа со 17-16. На средина од вториот дел резултатот беше израмнет (19-19) по што уследи клучната серија на Македонија од 4-0 за водство од 23-19 и победа на крајот за петто место на ЕХФ првенството во бугарскиот град Варна. ег/вг/

Остани поврзан