• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Скопје, 29 март 2025 

Почитувани,

Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата.

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари.

Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата.

Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? - Точно 69.

Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години.

Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди.

Народот и работниците ги прочитаа синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски.


Линк од видео материјал: 

https://youtu.be/MO-8S3UOlC0

https://limewire.com/d/khNrz#ObaKc89yxI

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан