• недела, 20 септември 2026

Петрушевски: Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник, разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални ставови

Петрушевски: Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник, разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални ставови

Скопје, 12 мај 2026 

Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“. Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук објавата на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го објавува интегрално.

Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник и со исти тези. Разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални позиции.

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе оди кон Европа само исправена, достоинствена и со зачуван идентитет, а не понижена и на колена како што ја остави СДС.

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа