• четврток, 21 ноември 2024

Петрушевски: Дали Љупчо Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Петрушевски: Дали Љупчо Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Скопје, 5 октомври 2024

Владата на СДС и ДУИ преку МЗШВ, конкретно Љупчо Дон Николовски работела со голем број нерегуларности, сомнежи за криминал и надвор од закон. Постои основано сомневање дека во 2021 година е пуштено во промет брашно во вредност од над 2 милиони евра без за истото уредно да биле платени контролните марки во МЗШВ.

Според Извештајот на ДЗР за МЗШВ за 2021 година, изготвен во 2023 година јасно се нотира МЗШВ, со кое раководел Љупчо Дон Николовски не воспоставило евиденција на набавените и издадените контролни марки за ставање во промет на брашното, ниту пак  контроли во тој процес.

Постои основан сомнеж дека Љупчо Дон Николовски и владата на СДС и ДУИ дозволиле во промет да циркулира брашно кое имало контролни марки кои не биле уредно платени во МЗШВ.

Имено Ревизорот констатирал дека за 2021 година МЗШВ набавило контролни марки во вкупна вредност од 3 милиона 305 илјади денари, а издало контролни марки во вредност од 2 милиона 242 илјади денари. Разликата во вредност која се јавува, и не е евидентирана во МЗШВ дали се работи за издадени контролни марки без да се наплатат изнесува 1 милион 63 илјади денари, односно тоа се 5 милиони 315 илјади контролни марки.

Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање на промет на брашно во вредност од над 2 милион евра без да има уредно наплатени контролни марки?

Кому му дал Љупчо Дон Николовски контролни марки за увоз на брашно без истите да ги платат?

Што презело ЈО по однос на ова прашање и зошто повеќе од година дена се молчи?

 

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан