• недела, 22 декември 2024

Петровска: Праксата на блокирање на Собранието треба да заврши тука и сега по постигнатиот договор

Петровска: Праксата на блокирање на Собранието треба да заврши тука и сега по постигнатиот договор
Скопје, 1 април 2021 
 
Лидерите, за среќа на граѓаните, постигнаа договор за одблокирање на Собранието, покрај законите што се дел од економскиот пакет, беа блокирани и многу други закони кои исто така се важни за секојдневниот живот на граѓаните, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата Вин-Вин на телевизија Телма.
Петровска нагласи дека политичкиот договор беше издигнување и напуштање на рововите на политичките партии и претставува исчекор, кој е само почеток на откочување на работата на собранието, а малку погрешно е сфатена улога на пратениците, никој на никого не прави кворум, туку ние сме таму да работиме за граѓаните.
Мислам дека праксата на блокирање на Собранието треба да заврши тука, во овие околности и сега по постигнатиот договор. Се што ќе се случува во иднина, а секако очекувам дека ќе има прашања за кои можеби нема да веднаш да се сложиме, очекувам да бидат дискутирани во конструктивна дебата во собранието, истакна Петровска, додавајќи дека може никогаш нема да се сложиме за некои политички и партиски работи и тоа е сосема нормално, затоа сме различни политички партии, но за она што е интерес на граѓаните мислам дека треба да се сложиме.
Во врска со пописот, Петровска нагласи дека тоа е статистичка операција, со која доцниме дваесетина години.
Секој обид да се политизира пописот е неумешност и немање што друго да се каже пред гласачкото тело и не мислам дека одговорни политичари можат да лицитираат со бројки и претпоставки со бројки. Секаде во светот пописот е статистичка операција и треба да го следиме тој пример, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска
За прашањето со законот за државјанство, Петровска рече дека бројката со која лицитираат не е таа, но и да еден случај на лице без државјанство, ние како држава, како пратеници сме должни да го решиме.
Дури со стекнување со државјанство лицето се стекнува и со други права, но тоа не значи таквото прашање да се користи како заложништво за сите останати процеси во државата. Никој не може да добие државјанство со тројца сведоци, голема дебата треба да се води но не да се условува со економска помош за граѓаните, за сите граѓани и да им се порачува дека можат да се стрпат уште некој месец без пари, истакна Петровска.
Во врска со извештајот на Стејт Департментот, Петровска рече дека прашањата кои се спомнуваат во овој извештај, но и во други релевантни извештаи не се поставени како спорни од вчера.
До скоро во некои извештаи, како оној на Прибе од 2015 година зборувавме за заробена држава, во која институциите буквално беа слуга на власта, сега тоа го нема, напредок е постигнат. Зборуваме за опипливи реформи, најголемата реформа ја спроведовме, а тоа е реформа на УБК, која во минатото беше изворот на сите злоупотреби, критикуван беше и изборот на членовите на судскиот совет, а денеска во извештајот читаме пофални зборови за работата на судскиот совет, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата Вин-Вин на телевизија Телма.
Ние не штитиме високи личности кои се корумпирани, тоа е предметот „Рекет“.Не може да се тврди дека за настаните од 27 април имаме  политички затвореници. ВМРО ДПМНЕ се однесува како да немало кривично дело, па тие на 27 април тргнаа да убиваат и како тоа може да биде политички прогон. Јас бев внатре во парламентот и знам што се случи. Кривичниот законик го одреди нивното кривично дело, тие се обидоа да спречат избор на претседателна собранието и потоа да се избере и легитимна влада.“- посочи пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма зборувајќи дека правдата и законот мора да се однесуваат на сите.
„Кога се случува напад врз парламентот и атак врз пратеници не може да помине неказнето. Факт дека ВМРО ДПМНЕ не е реформирано е тоа дека дел од тие луѓе кои учевствувале во насилството или спречиле полицијата да делува на 27 април сакаа да ги стават на функција во широката влада, кога јас бев во МВР.“- дополни Петровска.
Центар за комуникации со јавноста
_________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан