• четврток, 19 декември 2024

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР „се поделени", под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.

- Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање. И Мицкоски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски, објави Петровска на фејсбук. цр/дма/

Фото: фејсбук на Славјанка Петровска
 

Остани поврзан