• недела, 22 декември 2024

Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство

Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство


Атина, 2 ноември 2024 (МИА) – Во Атина денеска почнува натпреварувачкиот дел на сениорското Европско првенство во кикбокс во машка и женска конкуренција на кое ќе настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска ќе настапи во кик лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја. ег

ФОТО: МОК

 

Остани поврзан