Песни од гевгеличанецот Стефан Марковски вклучени во антологиски избор на шпански јазик
- Поезија од гевгеличанецот Стефан Марковски е вклучена во антологискиот избор на шпански јазик „Премин на поетските гласови“, во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Pagi

Гевгелија, 19 октомври 2021 (МИА) - Поезија од гевгеличанецот Стефан Марковски е вклучена во антологискиот избор на шпански јазик „Премин на поетските гласови“, во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Pagina.
Во антологијата од меѓународен карактер била застапена поезија од поетски имиња, кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955 и 1994 година од петнаесетина земји од светот.
Гевгелискиот поет Марковски посочи дека во предговорот на антологикиот избор се вели оти тематските определби на песните почивале врз различни емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите и на поезијата како импулс на бунтот во воените контексти.
Препевите на застапените песни ги направила поетесата Мариела Кордеро од Венецуела.им/бт/