• недела, 22 декември 2024

Песков: Парламентот на Канада треба да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна

Песков: Парламентот на Канада треба да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна

Москва, 27 септември 2023 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека оставката на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Ентони Рота, не била доволна поради јавните пофалби за „канадски херој“ кој се борел во Украина во Втората светска војна, но се покажа дека се борел на страната на нацистите.

Москва бара и Парламентот на Канада јавно да го осуди нацизмот, а властите да го уапсат 98-годишникот.

Рота го покани Јарослав Хунка, украински припадник на доброволните германски единици Вафен-СС во Втората светска војна, да присуствува на минатонеделната седница на Парламентот, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и го нарече „херој“, по што Пратениците му аплаудираа.

-Се разбира, тука разумот ја диктира потребата од некаква осуда на нацизмот. Парламентот мора да го стори тоа, инаку ќе биде извалкан од тој аплауз, рече Песков и ја повика Канада „да го изведе тој криминалец пред лицето на правдата“. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан