• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување на земјата поради новиот бран коронавирус

Песков: Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување на земјата поради новиот бран коронавирус
Москва, 2 јули 2021 (МИА) - Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување поради новиот бран на епидемијата со коронавирусот, иако четврти ден по ред има рекорден број на смртни случаи како резултат на појавата на делта сојот на вирусот. „Никој не сака да биде затворен и прашањето за тоа не се поставува. А, за да не се случи тоа, сите мора да се вакцинираме што е можно побрзо“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во Русија, четврти ден по ред, е регистриран рекорден број смртни случаи, 679, додека 23.218 се новозаразени. Досега се вакцинирани само 23,6 од 146 милиони Руси или 16 проценти од населението, а граѓаните и натаму се скептични кон руските вакцини. Во неколку региони, вклучувајќи ја и Москва, властите презедоа мерки за да ги поттикнат Русите да се вакцинираат, вклучително и воведување здравствени пропусници во московските ресторани. Повторувајќи го апелот до граѓаните да се вакцинираат, рускиот претседател Владимир Путин во средата повика „да ги слушаат експертите“, а не гласините за Ковид-19. Според официјалните податоци, досега во Русија биле заразени 5,5 милиони луѓе, а 136.565  починале. паг/  

Остани поврзан