• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации

Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации
Москва, 2 ноември 2022 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од понатамошни провокации за да се избегне ескалација на безбедносната криза на Далечниот Исток. Песков, коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркациската линија меѓу Северна и Јужна Кореја, рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува. На прашањето за потенцијален ирански напад врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такви сознанија, ниту е јасно од каде тоа потекнува. На редовната прес-конференција Песков ја коментираше и одлуката на Русија да ја прекине примената на Црноморската иницијатива за жито. „Претседателот Путин и Ердоган вчера имаа многу долг разговор и преговорите продолжуваат. Но, поради неможноста на Русија да ја гарантира безбедноста на бродовите што минуваат низ безбедносниот коридор, суспензијата сè уште останува во сила“, рече Песков. На прашањето за одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со Калининградската област, Песков одговори дека тоа е внатрешна работа на Полска. паг/

Остани поврзан