• петок, 22 ноември 2024

Пепе ја заврши својата натпреварувачка кариера

Пепе ја заврши својата натпреварувачка кариера

Порто, 8 август 2024 (МИА) - Поранешниот централен бек на Реал Мадрид, Бешикташ, Порто и Португалија, Пепе, објави дека се повлекува од фудбалот на 41-годишна возраст.

-Сакам да му се заблагодарам на Бога што ми даде мудрост да го продолжам моето патување. Не можам а да не им се заблагодарам на сите претседатели кои се обложија на мене и веруваа во мене. Сите вработени во сите клубови во кои сум бил, кои ми помогнаа да растам и да се натпреварувам секој ден во фудбалот, рече Пепе во емотивното 33-минутно видео.

Последен клуб на фудбалерот беше Порто, за кој настапуваше од 2019 до 2024 година. Пепе играше и за португалскиот гигант од 2004 до 2007 година.

Пепе играше за Реал Мадрид од 2007 до 2017 година. Во овој период одигра 334 натпревари на кои постигна 15 голови и 20 асистенции. Како член на „Лос Бланкос“, дефанзивецот три пати ја освојуваше Лигата на шампионите и три пати стана шампион на Шпанија.

Пепе за репрезентацијата на Португалија одигра 141 натпревар и постигна осум гола. Го освои Евро 2016 и УЕФА Лигата на нации (2019). дс

Фото: Архива

Остани поврзан