Пентагон воспостави директна врска со руското Министерство за одбрана
- Пентагон соопшти дека е воспоставена директна линија на комуникација со руското Министерство за одбрана, со цел да се спречат разни конфликти и инциденти, објавија западните медиуми, повикува

Вашингтон, 3 март 2022 (МИА) - Пентагон соопшти дека е воспоставена директна линија на комуникација со руското Министерство за одбрана, со цел да се спречат разни конфликти и инциденти, објавија западните медиуми, повикувајќи се на висок воен претставник на САД.
- Министерството за одбрана создаде линија за управување со конфликти со Министерството за одбрана на Русија за да се спречат погрешни пресметки, воени инциденти и ескалација на тензиите, изјави портпарол на Пентагон. гт/