Пентагон: Американските воени средства остануваат на Блискиот Исток додека Израел дебатира за одговор на иранскиот напад
- Дополнителните американски воени средства кои беа преместени на Блискиот Исток пред нападот на Иран врз Израел остануваат на место, изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.

Вашингтон, 15 април 2024 (МИА) – Дополнителните американски воени средства кои беа преместени на Блискиот Исток пред нападот на Иран врз Израел остануваат на место, изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.
Коментарите на Рајдер доаѓаат додека Израел дебатира за можна одмазда за нападот на Иран.
- Како што изјави (секретарот за одбрана Лојд Остин), и јавно и приватно, не сакаме да видиме ескалација, но очигледно ќе ги преземеме неопходните мерки за да ги заштитиме нашите сили во регионот и како што беше покажано во текот на викендот, ќе преземеме неопходни мерки за одбрана на Израел, рече Рајдер. јт/
Фото: ЕПА архива