• недела, 22 декември 2024

Пендаровски: Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста

Пендаровски: Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста
Скопје, 4 април 2022 (МИА) – Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста, поддржана со широк политички консензус на национално ниво и висока поддршка од граѓаните, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук. Тој во објавата потенцира дека при процесот на пристапување во Алијансата биле потребни тешки одлуки и длабински реформи. -Процесот на пристапување во Алијансата беше долг, беа потребни тешки одлуки и длабински реформи во нашата Армија и безбедносниот сектор но, денес, кога меѓународниот поредок е во опасност, ја разбираме важноста од членството во НАТО. Членството во Алијансата јасно ја исцртува и нашата долгорочна ориентација за почитување на вредностите кои ги споделуваме со евро-атлантската заедница: слободата, демократијата и владеењето на правото, како предуслови за успешен развој, вели Пендаровски. свс/дма/

Остани поврзан