• сабота, 13 јули 2024

Пендаровски се сретна со младиот математички гениј Или Морина

Пендаровски се сретна со младиот математички гениј Или Морина
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими 13-годишниот математички гениј Или Морина од Скопје. - Или Морина е еден од оние надарени ученици кои импресионираат со своите постигнати резултати. Математичкиот генијалец од својата четврта година решава задачи и своето знаење го споделува јавно преку едукативни видеа на интернет, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил. Преку објавата, претседателот на младиот Морина му посакува уште многу успеси на неговиот пат кон усовршување на својот талент.фф/са/

Остани поврзан