• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски: Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот

Пендаровски: Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) – Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Македонското радио.  

-Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните проблеми, конфликти и тензии на Северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, без НАТО трупите таму конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво, директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција и после тоа и околината ќе беше зафатена, рече Пендаровски.  

На прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Пендаровски вели дека тоа ќе зависи од позитивната оценка на граѓаните за неговиот досегашен ангажман како Врховен командант на вооружените сили и претседател на државава.  

-Моето натамошно ангажирање во политиката ќе зависи само од една работа. Не дали јас имам мерак да бидам на оваа позиција или на некоја друга, туку само од тоа дали мојот досегашен мандат и здравје боже до година целиот истеран мандат од пет години ќе биде позитивно оценет од граѓаните. Ако граѓаните немаат позитивно мислење пристојни бројки проценти за ова што го правам изминативе четири и пол – пет години, тогаш секако нема да ме гледате во политиката, додаде Пендаровски во интервјуто за Македонското радио. ев/  

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан