Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет
- Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија.
Порача дека неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет.
-Денеска но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор, стои во неговиот статус.свс/дма/
