Пендаровски нареди да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, наредбата стапува на сила веднаш
- Вечерва на предлог на Генералштабот на Армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, сподели пре

Скопје, 2 август 2021 (МИА) - Вечерва на предлог на Генералштабот на Армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, сподели претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.
Ова, како што посочува, е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на Армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата.
- Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на Армијата е во тек, напиша Пендаровски. мс/ац/