• четврток, 18 април 2024

Пендаровски и Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Пендаровски и Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Унгарија, Каталин Новак, денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, информират од кабинетот на македонскиот претседател.

Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката Новак, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации се одржа заедничка прес-конференција на двајцата претседатели. сст/дма/

Остани поврзан