Пендаровски до Грлиќ Радман: Подготвени сме и очекуваме што поскоро почеток на преговорите со ЕУ
- Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во посета на Република Северна Македониј


Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата се потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и е изразено задоволство од интензивниот политички дијалог, конструктивните разговори, како и размената на посети на високо и највисоко ниво, за што говорат и учествата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и министерот Грлиќ Радман на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ што ќе се одржи во Охрид.

- Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната хрватска поддршка за евроинтегративниот процес и изрази подготвеност и очекувањe за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција и започнување на пристапните преговори со ЕУ. Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за последниот развој на настаните во соседна Бугарија, како и за напорите на француското претседателство со Унијата за деблокада и пробив на процесот, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски и министерот Грлиќ Радман разговараа и за актуелните состојби во поширокиот регион, вклучително и за руската инвазија врз Украина, како и за безбедноста и стабилноста на Европа. вг/сп/