• недела, 19 мај 2024

Пендаровски во посета на Јавниот сервис МРТ

Пендаровски во посета на Јавниот сервис МРТ
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Јавниот сервис МРТ, соопштија од Кабинетот на шефот на државата. Во рамки на посетата, Пендаровски се сретнал со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ. - На средбата се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката, се наведува во соопштението. На средбата се зборувало и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што Пендаровски изразил поддршка за овој значаен процес и ја нагласил важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество. Пендаровски ги посетил и просториите каде што се складирани архивските материјали, направил увид во условите во коишто се чуваат, а бил запознат и со дел од содржината на аудио и видео записите. - За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата, се вели во соопштението. мс/сп/

Остани поврзан