• четврток, 04 декември 2025

Пелистер поразен од Реџина

Пелистер поразен од Реџина

Самоков, 19.септември 2025 (МИА) – Македонскиот претставник во кошаркарската Лига на шампионите Пелистер го заврши настапот во ова натпреварување откако попалднево загуби од италијанскиот тим Реџина со 99:87. Елиминација сепак не значи крај на евронастапите бидејќи битолчани ќе продолжат во Европа купот на ФИБА. 

Екипата од Италија и пред почетокот на дуелот важеше за фаворит на натпреварот, а воедно и за екипа која атакува на пласман во Лигата на шампионите.  По двата добри периода Реџина на полувреме водеше со 58:42 и со тоа ја навести победата. 

Најдобар стрелец кај Реџана беше Кван Читам Јуниор со 22 поени, додека кај Пелистер, Кевин Брејси-Дејвис даде 20 поени. Од македонските кошаркари прв стрелец беше Андреј Митревски со 11 поени.   мн/

Фото: Фејсбук КК Пелистер

Остани поврзан