• петок, 05 декември 2025

Пелистер и Чаир за старт на второто коло од „МТел“ Супер лигата

Пелистер и Чаир за старт на второто коло од „МТел“ Супер лигата

Битола, 10.октомври 2025 (МИА) – Со вечерашниот дуел меѓу Пелистер и Чаир стартува втората рунда од „МТел“ кошаркарската Супер лига. Натпреварот се игра ден порано од предвидениот термин бидејќи битолчани во текот на следната недела ги очекува и натпревар од еврокупот.

Почетокот на вечерашниот натпревар е во 19 часот.

На другите дуели од второто коло двојките се: ТФТ – Работнички, Тиквеш – Кожув, Ангели – Гостивар, МКК Куманово – Маџари (играат во сабота), додека последниот натпревар од оваа рунда меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Феникс се игра в недела. мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан