• недела, 22 декември 2024

Пекинг: САД сака да внесе раздор помеѓу Кина и соседите

Пекинг: САД сака да внесе раздор помеѓу Кина и соседите
Пекинг, 25 август 2021 (МИА) - Кинеските државни медиуми денеска ја обвинија потпретседателката на САД, Камала Харис дека се обидува да внесе раздор помеѓу Кина и нејзините соседи со своите коментари дека Пекин со принуда и заплашување го потврдува својот суверенитет во Јужно Кинеско Море. - Додека покажуваше со прст кон Кина и ја обвинуваше за принуда и заплашување, Харис намерно го игнорираше сопственото лицемерие, во обид да ги принуди и заплаши земјите од регионот да му се придружат на Вашингтон во планот за запирање на Кина, објави кинескиот весник Чајна дејли. Во коментарот се наведува дека Харис во текот на вчерашната посета на Сингапур неосновано ја нападна Кина со цел да направи раздор помеѓу државите во Југоисточна Азија и Кина. Харис изјави дека властите во Пекин ја обвини Кина дека врши притисок и ги заплашува земјите околу спорното Јужно Кинеско Море, додавајќи оти САД ќе ги поддржи своите сојузници во регионот. Кина има спор со сојузниците на САД – Виетнам и Филипини за Јужно Кинеско Море. ми/

Тагови

Остани поврзан