• понеделник, 23 декември 2024

Пекинг го повика Вашингтон да одигра конструктивна улога на Блискиот Исток

Пекинг го повика Вашингтон да одигра конструктивна улога на Блискиот Исток

Пекинг, 12 април 2024 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во телефонски разговор му го пренесе на американскиот колега, Ентони Блинкен, повикот Вашингтон да одигра конструктивна улога на Блискиот Исток, јави Бета.

„Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога на Блискиот Исток и ќе придонесе за смирување на ситуацијата. Конструктивна улога треба да има и американската страна“, се наведува во соопштението објавено денеска од кинеското Министерство за надворешни работи за вчерашниот разговор меѓу двајцата дипломати.

Медиумите денеска ги пренесоа изјавите на американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, дека Вашингтон очекува ирански напад врз Израел.

Израел е во состојба на висока готовност за потенцијален директен напад од Иран, кој би можел да ги гаѓа јужните или северните региони во следните 24 до 48 часа.

Зголемените тензии во регионот се видливи по обвинувањата на Техеран против Израел во врска со воздушниот напад врз дипломатска зграда во Дамаск,  на 2 април. Во инцидент цел на нападот беа највисоки ирански воени функционери, вклучително и висок функционер на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во Сирија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан