• понеделник, 23 декември 2024

Пашињан: Ереван е подготвен за преговори со ОБСЕ Минск

Пашињан: Ереван е подготвен за преговори со ОБСЕ Минск
Ереван, 9 октомври 2020 (МИА) - Ерменската Влада е подготвена соОБСЕ Минск групата да почне преговори за решавање на судиротво Нагорно-Карабах, изјаи премиерот на Ерменија, Никол Пашињан. - Нашиот народ е обединет како никогаш поранао и е исполнет со одлучност да се заложи за својата слобода и независност. Ние сме верни на принципот на мирно решавање на судирите за Нагорно-Карабахи подготвени сме повторно да да го покренеме мировниот процес во согласност со тврдењата искажани во текот на претходните денови од страна на ОБСЕ Минск групата,истакна Пашињан на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет во Ереван. Обновените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември. Двете земји прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавуваат жртви,вклучително и цивили. Судирот помеѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах прогласи независност од Азербејџан. За време на судирите од 1992  до 1994 година Азербејџан изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони. Од 1992 година се одржуваат преговори замирно решавање на судирите ворамките на Организацијата за безбедност и соработка Минск групата,со која претседаваат Русија, САД и Франција. ми/

Остани поврзан