• понеделник, 04 ноември 2024

Пациентите во Општа болница Велес по 15,30 часот, за викенд и празник, за итна интервенција се упатуваат во Ургентниот центар во болницата

Пациентите во Општа болница Велес по 15,30 часот, за викенд и празник, за итна интервенција се упатуваат во Ургентниот центар во болницата

Велес, 20 август 2024 (МИА) -Секој пациент кој има потреба од итен офталмолошки преглед по 15.30 часот, најпрво се јавува во Ургентната единица во ЈЗУ Општа болница Велес, каде ќе биде прифатен од дежурниот лекар, кој според тежината на акутниот проблем и патологијата одлучува за протоколот по кој ќе биде медицински третиран пациентот. Како што појасни за МИА портпаролот Марина Андова , за тоа и служи Ургентната единица, која ги згрижува сите пациенти секој работен ден после 15.30 часот, како и 24 часа во викенди и празници.

Прашањето од МИА  до болницата  уследи  по бројните реакции на неинформираните пациентите со повреди на окото, кои во изминатите две недели додека единствениот специјалист офтомолог од Одделението за очни болести  користеше годишен одмор, мака мачеа каде да одат, а итните случаи беа преупатувани на очно во други болници како во Скопје и Кавадарци.

-Некои со итни случаи од Ургентниот центар на велешката Општа болница по преглед на тимот лекари во Ургентниот центар како и од лекар хирург,  ако тој не може да им помогне, потешките случаи на пациенти беа преупатувани во болниците во Скопје и Кавадарци. Воедно истата опција останува и понатаму ако има итен случај дење по 15,30 часот, ноќе или во деновите на викенд и празник кога нема дежурен лекар по очни болести, пациентите треба да се пријават во Ургентниот центар, појаснува Андова.

Воедно, недостигот од лекар специјалист по уво, нос и грло во одговор за МИА, беше посочено дека ЈЗУ Општа болница засега го решава со доаѓање на лекари специјалисти по ОРЛ од Штипската болница.

За пациентите кои се итна случаи, кога нема лекар специјалист по уво нос и грло по 15,30 часот треба да се јават во Угрентниот цетар на ЈЗУ Општа Болница Велес и ако има потреба ќе бидат преупатуваат таму каде ќе оценат дека можат да се лекуваат.

Во Велес засега работат две приватни здравствани установи по уво, нос и грло тоа се: специјалист оториноларинголог  д-р Поцков кој работи со Фондот и кај кој може да се оди на преглед со упат од матичен лекар или  кај специјалист  д-р Зографски, кој работи приватно. Воедно, за итни случаи за ОРЛ, кога не можат да земат упат од матичен лекар, пациентите на приватно може да се јават и кај д-р Поцков.

Портпаролот Андова, укажа и во однос на реакцијата на пациентите дека немало лекар уролог додека единствениот доктор, деновиве  беше на годишен одмор.

-Во болницата има еден уролог, кој по завршениот годишен одмор, веќе од 12 август се наоѓа на своето работно место, како и професор  д-р  Дохчев кој доаѓа од Клиника за урологија од Скопје за оперативни зафати од таа област. Воедно, отпочната е и постапка за спогодбено ангажирање на доктор специјалист по урологија кој ќе работи во уролошка амбуланта во ЈЗУ Општа болница Велес, рече Андова.

Таа информира дека ЈЗУ Општа болница Велес  веќе има специјализанти по офталмологија и оториноларингологија, како и радиологија, биохемија, гинекологија, инфективно, анестестезиологија и реанимација, хирургија и невропсихијатрија.

На новинарско прашање за работа на централата на болница на бројот 043-231- 322, Андова појасни дека  кога се јавуваат пациенти  на телефонската централа, до 15.30 часот вработен ги насочува повиците до сите локали, вклучувајќи го и бројот кон директорот

-После 15.30 часот, кога завршува работното време, централата по автоматски ги насочува повиците само кон одделите кои работат после попладне, додека пријавно, одјавно и администрација бидејќи работат до 15.30 часот, исто така, можат да се добијат само во работно  време, кога на повиците одговара вработен, појасни Андова. ад/вг/

 Фото: МИА

Остани поврзан