• сабота, 18 мај 2024

Патрик Виера нов тренер на Кристал Палас

Патрик Виера нов тренер на Кристал Палас
Лондон, 4 јули 2021 (МИА) – По пауза од 16 години, Патрик Виера се врати во Премиер лигата како нов тренер на лондонски Кристал Палас, градскиот ривал на Арсенал со кој Французинот како фудбалер освои седум трофеи во периодот од 1996 до 2005 година. Виера (45) потпиша тригодишен договор со Кристал Палас и на тренерското место ќе го наследи 73-годишниот Рој Хоџсон, кој четири години го водеше премиерлигашот од јужен Лондон. Од јуни 2018 година до декември лани Виера седеше на клупата на францускиот прволигаш Ница. Виера пред да ја почне тренерската кариера освои три шампионски титули и четири трофеи во англискиот ФА куп со Арсенал, додека со француската репрезентација беше светски првак во 1998, а ја освои и европската титула две години подоцна. ег/паг/

Остани поврзан