• понеделник, 24 јуни 2024

Пато и Балотели можат да станат играчи на Бешикташ

Пато и Балотели можат да станат играчи на Бешикташ
Истанбул, 5 октомври 2020 (МИА) – Турскиот фудбалски клуб Бешикташ преговара со напаѓачите Александре Пато и Марио Балотели. Услугите на Пато кон клубот од Истанбул ги понудија неговите агенти, додека Балотели продолжи со преговорите што започнаа порано, објави на Твитер новинарот Николо Скира. Во моментов, 30-годишниот Балотели е играч на Бреша, но клубот јасно стави до знаење дека напаѓачот повеќе нема да игра за овој тим. Што се однесува до 31-годишниот Пато, тој е во статус на слободен агент откако го напушти Сао Паоло во август. зс/

Остани поврзан