• недела, 19 мај 2024

Патот од село Бели кон Пониква утре ќе биде затворен за сообраќај

Патот од село Бели кон Пониква утре ќе биде затворен за сообраќај
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Патниот правец од Кочани, поточно село Бели кон Пониква утре од 10 часот ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки. По завршување на натпреварот кој ќе се одржува од 12 часот, патот ќе биде отворен за сообраќај. Од понеделник патниот правец Маврови Анови - Жировница (Р1202) ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 16 часот. - Во понеделник (5 септември), вторник (6 септември) и среда (7 септември), Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10 до 16 часот на патен правец Маврови Анови - Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). мс/аа/  

Остани поврзан