• понеделник, 23 декември 2024

Париз: Демонстрантите против пензиската реформа го блокираа влезот во музејот Лувр

Париз: Демонстрантите против пензиската реформа го блокираа влезот во музејот Лувр

Париз, 27 март 2023 (МИА) -  Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители.

Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат да работат до 64 години за да се балансира пензискиот буџет. „Пензионирајте се на 60 години - работете помалку за да живеете подолго“, пишуваше на еден транспарент.

Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има редица разочарани туристи, кои негодуваат бидејќи, некои од нив, со деца од странски земји допатувале за да ја видата богатата колекција на Лувр. 

Протестот се случи еден ден пред 10-тиот круг на национални штрајкови и улични маршеви, повремено придружени со насилство.

 Во одделен случај, париската полиција објави дека спроведува операција за спречување на неовластени собири пред Центарот Помпиду, уште еден историски музеј во Париз. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан