• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск повика на прекин на политичкото насилство во Еквадор

Папата Франциск повика на прекин на политичкото насилство во Еквадор

Ватикан, 12 август 2023 (МИА) - Папата Франциск го осуди вчерашниот атентат на претседателскиот кандидат на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на помалку од две недели пред претседателските избори, и повика на прекин на политичкото насилство во јужноамериканската земја.

„Соочени со страдањата предизвикани од неоправданото насилство, кое безрезервно го осудува, Неговата Светост ги повикува сите граѓани и политички сили да се обединат во заеднички напори за мир“, се вели во телеграмата со сочувство на Ватикан испратена до надбискупот Алфредо Хозе Еспиноза Матеус во еквадорскиот главен град Кито. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан