• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск одржа миса за 35.000 верници во Папуа Нова Гвинеја

Папата Франциск одржа миса за 35.000 верници во Папуа Нова Гвинеја

Порт Морсби, 8 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска одржа миса пред 35.000 верници во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби, што е дел од неговата турнеја во четири земји од Азија и Океанија.

Литургијата се одржа на локален стадион, а присутните носеа традиционални облеки или маици и капи со ликот на папата.

По мисата, папата отпатува длабоко во џунглата во југозападната пацифичка држава Папуа Нова Гвинеја за да ги посети католиците кои живеат во една од најоддалечените области во светот, каде што достави медицински материјали и друга помош, информираше портпаролот на Ватикан.

Летајќи околу 1.000 км во воен товарен авион C-130 Hercules обезбеден од Кралските австралиски воздухопловни сили, папата пристигна со мала придружба на соработници во Ванимо, град со околу 12.000 жители на северозападниот дел на главниот остров Папуа Нова Гвинеја кој нема водоснабдување, а струјата е дефицитарна.

Поглаварот на Римокатоличката црква со себе донел стотици килограми предмети за да му помогне на локалното население, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Тие вклучуваат разни лекови и облека, како и играчки и музички инструменти за децата во училиште, рече Бруни.

Папата е во посета на Папуа Нова Гвинеја, земја со 600 острови, како дел од амбициозната 12-дневна турнеја низ четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, најдолга од неговиот 11-годишен папски мандат.

Папата Франциск е првиот папа кој ја посетил оваа поранешна австралиска колонија по Јован Павле Втори. Околу 98% од населението на Папуа Нова Гвинеја се христијани. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан