Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
- -Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Рим, 25 април 2024 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика завојуваните страни во Украина и Газа да преговараат за мир бидејќи „договорениот мир е подобар од бескрајна војна“.
-Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз.
Папата кажа дека секојдневно е во контакт со свештениците од Газа за да ги праша за нивните искуства и дека може да помогне да се постигне мир само преку молитва.
Зборувајќи за влијанието на војната во Украина врз децата, папата додаде дека „тие деца заборавиле како да се насмевнат“.
-Многу е тешко кога детето ќе заборави да се смее. Тоа е многу сериозно, додаде првиот човек на римокатоличката црква.сд/
фото:МИА архива