• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск во посета на Бахреин за подобрување на односите со исламскиот свет

Папата Франциск во посета на Бахреин за подобрување на односите со исламскиот свет

Рим, 3 ноември 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска ќе патува во посета на Бахреин за процесот на подобрување на односите со исламскиот свет.

Поглаварот на Католичката црква од денеска до 6 ноември ќе учествува на „Бахреинскиот форум за дијалог: Исток и Запад за хуман соживот“ во таа земја, а ќе разговара и со кралот Хамад бин Иса ал Калифа.

Ова е втора посета на Папата на Арапскиот Полуостров откако ги посети Обединетите Арапски Емирати во 2019 година.

„Папата Франциск патува во Бахреин за да отвори нови патишта за соработка со муслиманскиот свет“, рече бискупот Пол Хиндер, кој работи во регионот речиси две децении, а сега е апостолски викар на Ватикан за Саудиска Арабија. Во Бахреин живеат околу 160.000 католици. паг/

Остани поврзан