• четврток, 04 декември 2025

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува верниците да го посветат 22 август на пост и молитви за мир во Украина и светот

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува верниците да го посветат 22 август на пост и молитви за мир во Украина и светот

Ватикан, 20 август 2025 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти ги повика католиците и другите верници в петок да го одбележат денот на пост и молитви за мир во Украина и другите земји погодени од војна. 

-Додека нашата Земја продолжува да биде ранета од војните во Светата Земја, во Украина и во многу други области, ги поканувам сите верници да го посветат 22 август на пост и молитва, рече папата за време на неговата неделна аудиенција во Ватикан.

„Нека верниците го молат Бога да ни даде мир и правда и да ги избрише солзите на оние што страдаат поради тековните вооружени конфликти, повика Светиот Отец. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан