• петок, 05 декември 2025

Папата Лав Четиринаесетти ги осуди националистичките политики и повика на отвореност и солидарност

Папата Лав Четиринаесетти ги осуди националистичките политики и повика на отвореност и солидарност

Рим, 8 јуни 2025 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти денеска, на литургијата по повод христијанскиот празник Педесетница (Духовден), остро ги критикуваше националистичките политички движења, без да именува конкретни држави или лидери.

Пред верниците собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата се помоли Бог да „ги отвори границите, да ги урне ѕидовите и да ја разнесе омразата“.

„Нема место за предрасуди, за 'зони на безбедност' што нè одвојуваат од нашите соседи, ниту за исклучувачко размислување кое, за жал, се шири низ политичкиот национализам“, изјави понтификот.

Папата Лав Четиринаесетти, роден во Чикаго под името Роберт Превост, додека беше кардинал во САД, често ја критикуваше антимиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој јавно изразуваше несогласување и со потпретседателот Џеј Ди Ванс преку објави на социјалните мрежи. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан